Загребскиот претприемач, 39-годшниот Недим Нвалиќ заедно со своите две деца последен пат е виден на 19 февруари во Сибелиусова улица во населбата Печко, каде им се губи секаква трага. Од тогаш полицијата се обидува да влезе во траг на таткото, кој децата стари 13 години и два месеци ги однел во непознат правец.
Според неофицијални информации, Новалиќ и децата не ја напуштиле земјата, но никакви други информации нема. Семејството е очајно.
Што точно го навело Новалиќ заедно со децата да отиде во непознат правец, уште не е откриено. Неговите познаници откриваат дека Недим бил чуден последните неколку години и ретко расположен за дружење, а наводно од минатата година се наоѓа на потерница поради измама, но не бил достапен за хрватското правосудство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


