| четврток, 6 декември 2018 |

Поради ледените температури: Внимавајте на замрзнатиот дожд!

По дефинитивно најстудената ноќ и утро со минимални температури на воздухот од -18 до -8 степени а на високите планини и до околу -20 степени утре, во четврток следува судир на ладниот и топлиот воздух кој ќе продре од јужните географски широчини, објавува „Метеомакс“.

Утре на запад најпрвин ќе започнат послаби врнежи од снег но како ќе продира топлиот воздух така и врнежите од снег на пониските места ќе поминуваат во врнежи од дожд.

Во ваква ситуација и поради топлиот воздух на горниот слој на атмосферата и ладниот на долниот слој од истата можна е и локална појава на замрзнат дожд кој директно се заледува со допирање на тлото.

Токму ова е многу опасна метеоролошка појава за граѓаните како и за граѓаните кој возат автомобили па затоа ги советуваме да бидат крајно внимателни.

Локални врнежи од дожд но и снег на планините и на некои од повисоките места ќе има и во текот на утрешната ноќ кон петок а веќе во петок во текот на денот врнежи од дожд ќе има и на планинските и повисоките места поради големото затоплување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top