| четврток, 6 декември 2018 |

Осум вработени во градинка во Велес добиле отказ

Осум вработени во градинката „Димче Мирчев во Велес“ денеска добиле отказ, објави „Сител“. По завршувањето на работното време им било соопштено дека договорите на опредлено време им истекле и дека нема да се обноват. Од утре веќе да не доаѓаат на работа.

Отказите на работничките од градинката од Велес доаѓаат смао 5 дена откако Министертсвто за труд соопшти дека добило согласнот за вработување на неопределно време на 226 лица во градинките и дека работните места на овие луѓе се конечно сигурни.

„Министерството за труд и социјална политика обезбеди согласност од Министерството за финансии за вработувања на неопределено време на 226 работни места во јавните установи за деца-детски градинки, за трајно испразнети работни места, a кои тековно биле пополнувани со вработувања на определено време. Со овој чекор МТСП ја прекинува долгогодишната состојба на несигурност и неизвесност кај вработените во градинките, но и кај децата и родителите“, стоеше во соопштението од Министертсвто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top