Портпаролот на Владата на Република Македонија, Миле Бошњаковски, реагира на текстот објавен на порталот Република, во кој беше ставен акцент на новата практика на Службата за односи со јавноста на Владата, а тоа е новинарите да ги испраќаат ден порано прашањата што сакаат да ги постават, односно, со други зборови службите на Владата да бидат подготвени за незгодните прашања и да не им дозволат на новинарите да ги постават.
„Владата на РМ е целосно отворена во комуникацијата со медиумите и работи на принципот на навремено и целосно одговарање на сите новинарски прашања на дневна основа, како и подготовка на одговори на барања за специфични теми и барања за интервјуа.
Владините прес-конфенеренции се одржуваат во континуитет веќе 6 месеци, а на истите се одговараат прашања се додека новинарите ги поставуваат односно не постои ограничување ниту селекција. Прес-конференциите се јавни и се пренесуваат во живо што е уште една потврда за транспарентноста на службата за комуникации.
Постои и можноста за медиумите да достават прашање однапред со цел да добијат одговори за кои е потребна потемелна подготовка, а тоа беше договорено како можност со претставниците на медиумите во рамки на редовните неделни брифинзи.
Овој договор беше направен првенствено да им се овозможи на електронските медиуми да добијат тонски видеоматеријали за викенд новинарски теми на нивно барање.
Сите медиуми кои доаѓаат на редовната владина неделна прес-конференција го знаат овој принцип на функционирање. Ги покануваме сите медиуми/портали да дојдат барем еднаш на прес-конференција за да можат самите да направат увид како оди двонасочната комуникација“, стои во писмета реакција на портпаролот на Владата.
Скандалозно: Владата им забранува на новинарите да поставуваат прашања – бара да ги најават (фото)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст