| четврток, 6 декември 2018 |

Неврохирургот кој доби условна казна и понатаму оди на работа

Поранешниот директор на Клиниката за неврохирургија, д-р Александар Чапаровки кој доби условна казна од две години, поради барање мито од пациентите, и понатаму доаѓа на работа пишува „24 Вести“.

Чапаровски за „24 Вести“ вели дека нема правосилна судска одлука за забрана на вршење на дејност.

Министерот за здравство Венко Филипче остана воздржан и не сакаше да ги коментира судски одлуки.

– Во однос на конкретниот случај не би сакал да коментирам судски одлуки, борбата против корупцијата за која имаме неколку планови. Фокусот го ставаме на дополнителната работа на докторите и наоѓаме начин во законската регулатива да може на полесен начин да го оставра правото на дополнителна работа во матичните одделенија и приватните болници кај нас – изјави Филипче.

Поранешниот директор Александар Чапаровски беше уапсен на 31. мај по пријава дека барал париод родител на 14-годишно девојче кое требало да замине на лекување во странство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top