Владата на СДСМ минатата година вети дека ќе отвори 13 градинки, но според неофицијални информации 2017 година заврши со само 6 градинки. Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска кон крајот на јули самата ги најави овие амбициозни бројки кога беше во објектот во Врапчиште чија изградба беше во крајна фаза. Тогаш таа рече дека се планирани шест градински во рурални, а седум во урбани средини.
Практично од најавените 13 се од програмата на претходната Влада. Или пред да се смени власта во 2017 година беа предвидени и во најголем дел започнати активноси во околу 15 објекти.
Ова говори за неисполнување на ветувањето грижа за секое дете.
За разлика од оваа влада, претходната предводена од ВМРО-ДПМНЕ во периодот 2008 година до 2017 година отвори: 13 јавни општински установи – детски градинки, 25 објекти, 22 групи во други нови простории, 27 центри за ран детски развој. Или вкупно станува збор за бројка од 87 објекти или простории за згрижување и воспитување на деца, или во просек по 11 годишно.
Отворањето на само шест градински дополнително говори и дека ВМРО-ДПМНЕ оправдано реагираше кога со ребалансот скратија пари од буџетот кои беа предвидени за нови градинки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст