Нејмар се повреди во неделата за време на натпреварот против Марсеј, кога ја скрши метатарзалната коска во стапалото и го истекна зглобот.
Тренерот на клубот од Париз, Унај Емери, изјави дека Бразилецот има „мали шанси“ евентуално да заигра против Реал Мадрид, во реванш средбата од осминафиналето во Лигата на шампионите, натпревар кој се игра во вторник на 6 март на „Паркот на принцовите“.
Меѓутоа, таткото на Нејмар, од друга страна изјави дека во ПСЖ веќе се свесни дека нема да можат да сметаат на својот најдобар поединец.
„Лечењето ќе трае од шест до осум недели, без разлика на тоа дали ќе има операција или не“, изјави Нејмар Сантос за медиумите.
Нејмар минатиот август во рекорден трансфер од 222 милиони евра од Барселона премина во редовите на ПСЖ, а постигна 29 погодоци на 30 натпревари оваа сезона.
Во првиот натпревар од Лигата на шампионите на „Сантијаго Бернабеу“, ПСЖ беше поразен од Реал со 3:1.
ПСЖ е прв на табелата во француското првенство со 14 поени повеќе од Монакo.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст