| четврток, 6 декември 2018 |

Зголемен прометот во трговијата со храна и горива

Прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун во јануари годинава бележи зголемување од 9,7 проценти номинално, а реално 6,4 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Зголемување на прометот е забележан и кај непрехранбените производи освен гориво номинално за 12,3 проценти, а реално за 9,4 проценти и во трговијата на мало со автомобилски горива има зголемување номинално за 9,2 проценти, а реално за 6,6 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top