Од Балтикот до Медитеранот, Европа e на удар од ледениот бран од Сибир, во кој за четири дена се регистрирани најмалку 24 жртви.
Жртви има во Полска, Франција, Чешка, Романија, Италија и Естонија.
Студениот бран, кој британските медиуми го нарекоа „Ѕверот од Истокот“, Холанѓаните – „Сибирска мечка“, Швеѓаните – „Снежен топ“, а во Франција е познат под називот „Москва-Париз“, најмногу го загрозува здравјето на најранливите категории жители, пред се бездомниците и постарите лица, но го попречува и сообраќајот.
Од петокот поради студот починале најмалку 24 лица, од кои девет во Полска, четири лица во Франција, петмина во Литванија, тројца бездомници во Чешка, двајца во Романија, од кои 83-годишна жена е најдена на улица покриена со снег, и еден бездомник во Италија, додека во Естонија студот однесе седум животи од почетокот на февруари.
Во Лапонија и на италијанските Алпи температурата се спушти до минус 40, во Шведска до минус 39,6 степени, додека во јужниот дел на Австрија се измерени минус 25,4 степени, што е рекордно ниска температура за месец февруари во оваа област.
На помалку од 100 километри од Венеција, ноќта меѓу неделата и понеделникот се регистрирани минус 40 степени.
Температурите останаа непроменети и ноќеска, со минус 24 во некои делови на Германија, минус 29 во Естонија и мунус 18 во Чешка.
Поради студениот бран откажани се авионски летови во Лондон и Неапол, додека снегот и замрзнатите патишта го отежнуваат сообраќајот ширум Европа, предизвикувајќи застои или откажувањa на патувања.
Во Романија се затворени три пристаништа на Црното Море, додека во Германија се регистрирани голем број сообраќајни несреќи, вклучувајќи и верижен судар во кој учествувале дури 30 возила.
Во Белгија е обезбедено засолниште за бездомниците, а повици за внимателност се упатени до сите бездомници ширум Европа.
Во Франција во 68 области е покренат план во случај на „голем студ“.
„Ѕверот од Истокот“ во Рим деновиве донесе снежна бура, која го парализираше градот. Училиштата се затворени, а авионскиот, железнички и автобуски сообраќај е во прекин.
Италијанската агенција за цивилна заштита ја мобилизираше војската за да помогне во чистењето на улиците, со оглед на тоа дека градот, навикнат на благи зими, е прекриен со дебела снежна покривка.
Холандските власти забранија пловидба по каналите во Амстердам поради големиот студ и дебелиот мраз кој се формираше на површината на водата. Градските власти наведуваат дека тоа ќе им овозможи на граѓаните и туристите слободно да лизгаат по каналите, што се нема случено од 2012 година.
Ледениот бран „Ѕверот од Истокот“ научиниците го објаснуваат со зголемување на температурите во опсег до 30 степени на Северниот пол, што е повеќе од просекот за тоа подрачје. Такви временски екстреми се случиле во четири години во периодот од 1980 до 2000 година, а сега се повторуваат четири последователни години.
Причина за ледениот бран е надоаѓање на топол воздух, кој носи голема влага на Северниот пол. Научниците истакнуваат дека тоа и порано се случувало, но никогаш толку зачестено и интензивно како во послендите четири години.
Промената на климата на Северниот пол предизвика поместување на ладниот арктички воздух кон Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст