Македонија е блиску до решение на проблемот со името со Грција, вели Премиерот.
Зоран Заев, премиерот на Македонија, вели дека неговата земја и Грција се доближуваат до решавање на еден од најголемите Европски дипломатски спорови, несогласувањето околу тоа кое име поранешната Југословенска република треба да го користи.
Двете земји се на ,,нож’’ уште од далечната 1990 година, поради прашањето дали соседот на Грција има право да се нарекува Македонија, име кое според Атина имплицира територијални барања и претензии на северниот грчки регион со истото име. Официјално младата држава е по позната како БЈРМ (Бивша Југословенска Република Македонија).
Во интервју за „Фајненшл Тимес“ во Лоднон, господинот Заев вели дека е оптимист за пронаоѓање решение. Но вели дека грчките барања за амандмани на уставот, за откажување на територијалните претензии на грчката територија е нерационален и го става во ризик решението кое декларативно и двете страни го сакаат.
Господинот Заев се надева дека тој и Ципрас, грчкиот левичарски премиер ќе најдат компромис пред НАТО самитот во Брисел на 11-12 Јули.
-Ја сум оптимист. Многу е тешко јасно ни е. Но паметно би било за доброто на двете страни да се дојде до решение што порано, вели Заев.
Сега барањето од Грција е да го промениме нашиот устав. Но уставот е книга на домашни правила. Тој нема импликации надвор од државата. Во секој случај промената на уставот не е финална гаранција, бидејќи некоја нова влада во иднина може да го промени уставот повторно.
Водени од медијаторот на ОН Метју Нимиц, Заев и Ципрас се размислуваат околу пет имиња за БЈРМ: Република Македонија (Скопје), Северна Македонија, Горна Македонија, Вардарска Македонија и Нова Македонија.
Заев вели дека Нова Македонија е неприфатливо бидејќи е име кое не географски прецизно, но тој е отворен за преговарање за другите четири предлози.
Ова несогласување е мистериозно за голем број на луѓе надвор од Балканот, проблемот со името на Македонија е проблем за НАТО и ЕУ бидејќи е проблем кој може да создаде конфликт во регион од Европа чија модерна историја памети насилни судири за територија и идентитет.
После скоро 30 години закочен процес, прогресот рефлектира дека Ципрас пронашол човек од другата страна во Скопје со кој може да се разговара, социјал демократ кој го напуштил бомбастичниот национализам на претходната влада на Макеоднија.
Ако Атина и Скопје дојдат до договор, лидерите на ЕУ се очекува на самитот во Брисел на 28-29 Јуни да дадат датум за формалното започнување на македонските преговори во ЕУ.
,,Русија нема ништо против нашата интеграција во ЕУ, но не размислува позитивно на нашата интеграција во НАТО. Ние имаме добар однос со Русија. Но тие треба да се свесни дека нема друга алтернатива за нашата држава освен ЕУ и НАТО интеграцијата.’’
Ако дојде до договор, Заев и Ципрас имаат потреба од поддршка од барел дел од опозициските политичари за договорот да помине во двата парламента. Ова може да не е лесно. ,,Има многу национализам, многу критики, личности и групи кои се против договор во двете држави’’, вели Заев.
Во моментов Македонската националистичка опозиција која го бојкотира парламентот во Скопје. Во Грција каде следната година има парламентарни избори, опозициската Неа Демократија инсистира Македонија да го промени уставот и изгледа малку веројатно дека же му направи услуга на Ципрас со одобрување на договорот.
Така…Глвен аргумент на Заев му е дека не треба да се менува уставот бидејќи тоа не било гаранција за грците. Следната влада би можела пак да го врати ако обрзбеди 2/3.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст