Рокот за поднесување на годишните сметки за правните лица истекува денеска, додека самостојните вршители на дејност можат да ги поднесуваат годишните сметки до 15 март годинава во хартиена и електронска форма, информира Централниот регистар на Република Македонија.
– За субјектите кои водат сметководство согласно Законот за трговски друштва рокот за поднесување на годишните сметки и финансиските извештаи во електронска форма е до 15.03.2018 година, а големите и средни трговци се должни да ја достават годишната сметка до Централниот регистар само во електронска форма, велат од Централниот регистар.
Потенцираат дека Централниот регистар денеска ќе работи од 7:00 до 21:00 часот, додека во регионалните канцеларии во Македонски Брод, Виница, Берово и Делчево работното време ќе биде од 8.00-16.00 часот.
Во Кратово, Крушево и Демир Хисар, каде Централен регистар нема канцеларии, приемот на годишните пресметки ќе се врши од 8:00 – 16:00 часот, и тоа во Кратово и во Демир Хисар во просториите на општината, а во Крушево во просториите на УНИ банка
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст