Наместо во Париз процесот „Жан Моне“ се сели во Охрид. Иво Вајгл за Сител потврди дека на инсистирање на ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Мицковски процесот како што беше првично договорен, наместо во куќата на Жан Моне во Париз ќе се одржи на македонска територија. Претставниците од опозицијата настапиле со став дека за внатрешно-политичките прашања треба да се разговара дома, а не во странство. На средбата која треба да се случи во март, ќе се разговара само за начинот за изнаоѓање на политички дијалог помеѓу власта и опозицијата и нејзино враќање во Собранието.
Европратениците се оптимисти дека е возможен нормален демократски дијалог меѓу двете најголеми политички партии. На вчерашното обраќање на Конференцијата за евроинтеграција на земјите од Западен Балкан порачаа дека за иднината на Македонија и нејзиното членство во ЕУ и НАТО, потребен е дијалог помеѓу партиите.
Европската тројка Вајгл, Кукан и Флекештајн вчера се сретнаа спикерот Џафери и претставници на пратеничките групи, но и со првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ кој посочил дека има целосен застој во поглед на интеграциите и низок степен на реализација на владиниот план 3-6-9. Мицковски изразил загриженост дека заложбите за интеграција на Владата се само декларативни, но не и суштински.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст