| четврток, 6 декември 2018 |

Во Гостивар запленета марихуана, уапсени четири лица

Во полициска акција вчера во гостиварскиот регион, биле запленети неколку десетина килограми марихуана.

За неовласетено тргување и поседување на наркотични средства осомничени се четири лица.

Според првичните информации станува збор за количина од 60 килограми марихуана, која била открена во возило на патот кон Маврово.

Министерството за внатрешни работи во текот на денот ќе излезе со повеќе информаци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top