| четврток, 6 декември 2018 |

Марк Вебер ја вози последната сезона во Формула 1

Марк Вебер ја вози последната сезона во Формула 1, а самиот објави дека ќе си оди од „летачкиот циркус“ во новото натпреварување на Порше.

Пилотот на Ред бул има договор со тимот до крајот на сезоната и се очекуваше продолжување, но 36-годишниот Австралиец изненадувачки најави крај на кариерата во Ф1. Ситуацијата се искомликува по инцидентот во Малезија, кога неговиот клупски колега и актуелен шампион Себастијан Фетел, ги игнорираше тимските инструкции и го престигна Вебер на патеката за да победи.

Работите потоа само навидум се „испеглаа“, а Вебер се чини не сака да трпи нефер однос и си заминува. Порше сака да организира свое натпреварување и позасилено да се пробие на трката „24 часа Ле Ман“.

Вебер во 12-годишната кариера во Ф1 има девет победи и 36 пати беше на победничкиот пиедестал, како еден од тројцата најдоброрангирани пилоти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top