| четврток, 6 декември 2018 |

Јункер: Црна Гора е пример за другите земји во Западен Балкан

Црна Гора има силна волја да влезе во Европската унија и судбината и е во Заедницата, изјави претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер во обраќање пред црногорскиот парламент.

„За помалку од 12 години успеавте да поминете прекрасен пат“, ги пофали Јункер Црногорците. Тој потсети дека малата балканска држава е член на ОН, ММФ, СТО, а од минатата година – и на НАТО. Луксембуршкиот политичар позитивно ги оцени постигнувањата на Црна Гора во процесот на европската интеграција, но предупреди дека брзината и квалитетот на реформите не треба да се мешаат.

„Со каква брзина ќе бидат исполнети задачите на Стратегијата, зависи од државата. Датумот за влез во ЕУ зависи само од вас. 2025-та година што ја споменуваме е само перспектива кон која треба да се оди со брзи чекори“, истакна Јункер на прес-конференцијата во Подгорица, додавајќи дека Црна Гора може да послужи како пример за другите земји од Западен Балкан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top