| четврток, 6 декември 2018 |

Трамп уште од сега се спрема за нови избори – назначи шеф на кампања

Американскиот претседател Доналд Трамп кој не ја крие намерата да се кандидира на наредните претседателски избори во 2020 година наименува менаџер на кампањата. Станува збор за Бред Парскејл кој во 2016 година беше задолжен за дигиталната стратегија на предизборната кампања на Трамп. „Неговата стручност ќе придонесе наредната кампања да биде на врвно ниво“, изјави Џаред Кушнер, зет на Трамп и советник во Белата куќа. Следните претседателки избори во САД ќе се одржат на 3 ноември 2020 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top