Сопатник бил тешко повреден во една од вкупно пет сообраќајки што се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во една со телесни повреди се здобил еден возач, а во три била причинета материјална штета.
Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Десет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, еден возач не дал првенство на минување на пешаците, тројца возачи за неправилно престројување и девет возачи кои не поседувале пропишана зимска опрема во возилата. Санкциониран бил и еден пешак кој поминал коловоз вон пешачки премин.
Од сообраќај биле исклучени пет возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и седум нерегистрирани возила. Затекнати биле 73 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 70 возила.
Денеска Одделението за превенција при СВР Скопје во рамките на сообраќајно воспитниот проект „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ ќе реализира едукативни работилници со ученици од второ и четврто одделение во ООУ „Ѓорче Петров“ кое се наоѓа на подрачјето на општина Ѓорче Петров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.