Северна Кореја и доставила на сириската Влада материјали кои можат да бидат искористени за производството на хемиско оружје, објави весникот „Њујорк Тајмс“, повикувајќи се на експерти на ОН.
Во соопштение на експертскиот тим задолжен за следење на состојбата со почитување на санкциите воведени од ОН кон Пјонгјанг, на кое се повикува весникот, се наведува дека меѓу материјалите доставени од Северна Кореја на Сирија има керамички плочки отпорни на киселина и вентили со термометри.
Според весникот „Њујорк тајмс“, од 2012 до 2017 година на Сирија и биле доставени најмалку 40 официјално ненајавени пратки со матријали, кои можат да се користат за цивилни, но и за воени цели, вклуително и како потенцијални компоненти за производство на хемиско оружје.
Неименуван извор од Светска организација изјавил дека тоа сепак не станува збор за материјали забранети со резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, додавајќи дека спомнатите плочки отпорни на киселина се корисат масовно на пример во домовите во Кина.
Според изворот написот на „Њујорк Тајмс“ содржи информации кои се „несоодветни на реалноста“. Тој додава дека експерти на ОН ги обвинуваат Русија и Кина за несоодветно спроведување на санкциите во однос на зделките со нафта и јаглен и снабдувањето со луксузни стоки на Северна Кореја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст