| четврток, 6 декември 2018 |

Најмало, најубаво: Ким Кардашијан го претстави своето трето дете (фото)

Ким Кардашијан го претстави своето трето бебе, малата Чикаго, родена на 18-ти јануари. Според порталот “Е вести”, нејзината соба е украсена со детски орнаменти во вредност од 75.000 долари.

-Изгледа малку како на Норт, но исто така и на Сиетл. Тоа е вистинската комбинација од нив по изглед, изјави Ким за вестите на Е.

Baby Chicago

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian) on


Ким го доби третото дете со помош на сурогат мајка. Она што предизвика контроверзност беше прашањето – кој всушност беше сурогат мајка?

Додека некои тврдат дека тоа е анонимна дама која има 27 години, и веќе има своите деца, некои дека тоа беше нејзината сестра Кајли. Сега кога и двете добија бебе, очигледно е дека помладата сестра не беше сурогат мајка.

-Не знам дали сум доволно поврзана со своето бебе. Многу ме мачи што не ја носев девет месеци. И покрај сите тешкотии кои ги имав во бременоста создаде навистина посебна врска со Норт и Сиетл. Многу повеќе сега се трудам околу Чи, да не почувствува дека сме биле одвоени некое време, ги објасни таа за проблемите како мајка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top