| четврток, 6 декември 2018 |

Со оваа поза славната пејачка ја покажала силата и предизвикала лавина од коментари

39-годишната пејачка уште еднаш покажала во каква форма е. Иако е во четвртата деценија, пејачката, танчерка и актерка Никол Шерцингер има тело на кое ѝ завидуваат и многу помлади дами.

Таа открива дека ја одржува својата фигура со редовно вежбање и танц, и секако здрава исхрана без која сиот труд би бил залуден. Но, се чини дека Никол е опседната и со пилатес, а тешката поза која ја извела без никаков проблем не би можел да ја изведе баш секој. Притоа, Шерцингер го покажала извајаниот грб и силните раце, но целото внимание го привлекол токму нејзиниот задник. Со ваквата фотографија, јавноста повторно почнала да коментира дека пејачката има ставено силикони, како на задникот така и на градите, иако таа никогаш не ги призна овие гласини. Но, факт е дека со редовно вежбање можете да имате одлично тело, па затоа овие коментари ќе ги сфатиме само како злонамерни, посебно кога сте светски позната ѕвезда како Никол.

“Луис Хамилтон е вистинска будала”, напишал еден од обожавателите на фотографијата, алудирајќи на нејзиниот поранешен партнер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top