| четврток, 6 декември 2018 |

Семакедонско помирување – слобода за уставобранителите кои ја бранеа демократијата

Македонија никому не ја даваме, Македонија никому не ја продаваме. Името на нашата држава е Македонија. Така било и така ќе остане, ова е пораката што вечерва ја упатија околу 10 000 граѓани кои излегоа во центарот на Скопје во одбрана на уставното име на нашата држава.

„Бараме итен крај на разговорите за името на државата. Отфрламе референдум за името. Ја повикуваме власта да се откаже од намерата за промена на власта, ја охрабруваме опозицијата да го одбрани името и идентитетот на македонскта нација. Тој аманет од историјата мора да го иполниме. Велепредавниците кога тогаш ќе бидат извадени пред судот на народот. Отфрламе двојазичност затоа што ја руши унитарноста и ја менува етничката карта на Македонија“, порачаа учесниците.

Учесниците побараа и слобода на, како што рекоа, уставобранителите кои ја бранеа демократијата на 27 април во Собранието на Македонија и ослободување на Едмонд Темелко.

„Повикуваме на семакедонско помирување и обедунување затоа што силата е во единството. Иако сме далеку од нашиот дом подеднакво ја сакаме родината, тука имаме имоти, роднини тука ни се корените, тука се гробовите на нашите прародители. Македонија припаѓа на сите Македонци во светот. Никогаш не заборавајте – со вера во Бога заедно и тука и насекаде ќе ја браниме и одбраниме Македонија“, порача еден од говорниците, претставник на дијаспората во Европа.

ФОТО: Александар Ивановски (РЕПУБЛИКА)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top