Jане Мицевски, претседател на Советот на општина Сопиште од ВМРО-ДПМНЕ, во изјава за медиуми рече дека Советот на општината донел одлука со која се бара од донаторот на спомен обележјето на Андон Ќосето да се согласи да го отстапи на општина Сопиште, за тој да биде поставен таму.
– Предлог локацијата е на самиот влез кај големиот Кружен тек на патот за Сончев град. Истата активност нема да биде на финансиски товар на општината, односно за спомен обележјето е веќе изработено, а за изработка на постаментот ќе бидат побарани донатори кои ќе имаат волја да помогнат. Споменикот на Андон Ќосето нема да дозволиме да биде стопен. Тој гордо ќе биде поставен во општина Сопиште, а граѓаните на општина Сопиште ќе имаат спомен обележје од овој значаен историски лик, рече Мицевски.
Тој изјави дека општината напредува и дека приоритет даваат на изградбата, а не на рушењето.
– Само да напомена, оваа иницијатива потегна од самите жители на општината, која преку денешната седница на Советот ја поднесоа советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицевски.
Реагираше СДСМ.
Ова е локацијата на којашто локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ сака самоволно да постави споменик, односно да го премести споменикот на Андон Јанев Ќосето и на денешната седница, Советот на Општина Сопиште го побара споменикот за да го постави на оваа локација.
Ние не сме против поставување на споменик на оваа локација, но гласавме против бидејќи во моментов со блокирана сметка којашто ја има општината, неприфатливо е да се финансира постамент и слично и да се бара да се стави споменикот на Ќосето тука. Дополнително, сметаме дека со тоа само ќе се создаваат нови дополнителни поделби помеѓу Македонци и Албанци. Ние сме мултиетничка средина во којашто живеат Македонци Албанци Турци.
Сметаме дека со самото поставување на овој споменик би се предизвикало дополнителен револт помеѓу граѓаните и населението кое што живее на оваа територија – посочи Сашко Стојановски, претседател на општинската организација во Сопиште.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст