| четврток, 6 декември 2018 |

Царовска: Обвинителството ќе каже кој ќе одговара за злоставуваните девојчиња (видео)

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска вели дека истрагата на Oбвинителството ќе покаже кон што и за што ќе се покренат обвиненија во случајот со злоупотребуваните штитеници од Домот „25-ти мај“.

„Министерството за труд и социјална политика направи детален инспекциски надзор и поднесе 12 кривични пријави и 12 прекршочни пријави против вработените во центарот за социјални работи и Домот 25-ти мај. Пријавите се поднесени до Основното јавно обвинителство. Да нагласиме дека влегуваме во брза трансформација на домовите „25 мај“ и на „Ранка Милановиќ“, институции кои се запуштени во изминатите десет години и од кои денс ги следаме само резултатите. Со брзата трансфромација на овие институции верувам дека ќе добиеме грижа и заштита за секое дете, посочи Царовска во врска со новите случаи за злоупотребени малолетнички кои ги обелодени Европскиот центар за права на ромите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top