| четврток, 6 декември 2018 |

Кражба во центарот на Скопје: Со закана со пиштол ограбил бутик

Вчера во Единицата за информации и команда Скопје, било пријавено дека околу 20.30 часот во бутик на ул. „Никола Вапцаров” во центарот на Скопје, непознат сторител извршил разбојништво.

Сторителот со закана со пиштол од вработената го одзел дневниот промет и побегнал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот, велат од полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top