| четврток, 6 декември 2018 |

Меј и Џонсон: Британија силно ја поддржува Македонија за ЕУ и НАТО

Премиерката на Велика Британија Тереза Меј и министерот за надворешни работи Борис Џонсон уште еднаш ја изразија силната поддршка за аспирациите на Македонија за членство во ЕУ и НАТО.

Како што соопшти прес-службата на македонската Влада, во рамки на приемот што во чест на шефовите на владите на земјите од Западен Балкан го приреди Тереза Меј, таа и Џонсон имаа одвоена средба со премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Бујар Османи.

На одвоената средба беше изразен посебен интерес за спроведувањето на реформите во Македонија, како и за добрососедските односи и за проектите во регионалната соработка што беа акцентирани за време на Инвестицискиот самит за Западен Балкан во организација на Европската банка за обнова и развој што се одржа вчера во Лондон.

Премиерот Заев информираше и за најновите активности на Владата во однос на евроатлантските интеграциски процеси, посебно нагласувајќи ги очекувањата нашата земја да добие препорака за почнување на преговорите со ЕУ, како и за очекувањата да бидеме 30. земја членка на НАТО во 2018 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top