| четврток, 6 декември 2018 |

Прогнозата на норвешките метеоролози најавува голем пресврт: Ќе нема трага од снегот, кога доаѓа пролет?

Според норвешките метеоролози, по студениот, Сибирски бран кој ја зафати Европа, затоплување проследено со дожд е најавено за следната недела.

Минусните температури ќе траат до крајот на викендот, а потоа живата во термометарот ќе почне да се искачува на плус шест степени, што ќе донесе и разведрување. Температурите во плус ќе продолжат и другата недела.

Иако календарски, пролетта почнува дури на крајот од март, климатолошки пролетта може да дојде порано, така што по небообичаениот студен бран, пролетта ќе пристигне порано.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top