| четврток, 6 декември 2018 |

Неврохирургот Чапаровски денес на суд за поткуп и за парите и златото сокриени во закупен сеф

Поранешниот директор Чапаровски минатата година беше пријавен за примање поткуп од пациент, по што заврши во притвор и против него беше поднесена кривична пријава за примање поткуп.

Но, мерките кои од МВР дополнително ги презеле утврдиле дека во период од десет години поранешниот директор на Клиниката за неврохирургија не ја пријавил својата имотна состојба во Државната комисија за спречување на корупција, со што се стекнал со значителен имот на парични средства, недвижен имот и монети.

Поранешниот директор на Клиниката за неврохирургија Чапаровски во мај минатата година беше кривично пријавен за примање поткуп, каде при извршен претрес во неговата работна канцеларија беа пронајдени и одземени вкупно 24.890 евра, 4.477 американски долари, 2.250 швајцарски франци, 65 австралиски долари, 170 хрватски куни, 60 бугарски лева и 4.700,00 денари, додека при извршен претрес во неговиот дом пронајдени се и одземени вкупно 9750 евра и 10.000 денари.

По ова тој беше приведен и по разговор во полициска станица, судија на претходна постапка му определи мерка притвор. По 13 дена поминати зад решетки, екс директорот на скопската Клиника за неврохирургија беше пуштен да се брани од слобода, бидејќи судија на претходна постапка му го укинал притворот.

Од Кривичниот суд тогаш појаснија дека притворот е укинат бидејќи завршило сослушувањето на сведоците, што значи дека осомничениот не може да влијае врз нив, потоа веќе е разрешен од директорската функција, што значи дека не може да го повтори делото, а како што велат опасноста од бегство се уште постои, но затоа му е одредена гаранција, односно го заложил неговиот стан кој е проценет на 82.413 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top