| четврток, 6 декември 2018 |

Измените на законите за судови и за Судски совет на владина седница

Измените и дополнувањата на Законот за Судски совет и на Законот за судовите, решението за нормално функционирање на ИПАРД структурата и соодветно искористување на средствата од ЕУ, како и оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година, се дел од точките од дневниот ред на денешната 56. владина седница.

На седницата ќе бидат разгледани и информациие за можноста за натамошно вклучување на Македонија во Регионална иницијатива – Програма за развој на зелени градови, како и за реформите на средното техничко образование.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top