Во сообраќајна незгода која синоќа се случила на автопатот Гостивар – Тетово, кај месноста „тумчевишка клучка“, со телесни повреди се задобиле осум лица.
Од СВР Тетово информираат дека во несреќата, која најверојатно се случила при престигнување, се судриле комби со италијански регистерски ознаки и автомобил „мерцедес“ со албански ознаки. Додека се движеле кон Тетово, од засега неутврдени причини, возилата се судриле и излетале од коловозот.
Од првичните сознанија во комбето покрај возачот имало шест патници, а во мерцедесот имало вкупно шест лица. По пружањето на медицинска помош, сите повредени се пуштени на домашно лекување.
Од СВР Тетово апелираат до возачите да ја приспособат брзината на посточеките услови особено во зимски услови, зашто, како што наведува портпаролот Марјан Јосифоски, дозволно е само мало невнимание да се загуби контрола над возилото и брзо да се излезе од коловозот.
– Нерамниот коловоз со повеќе вдлабнатини и бројните таканаречени „крпеници“ на асфалниот слој, заедно со големата брзина, се најголемите ризикфактори за сообраќајки со сериозни последици (со загинати или повредени лица) и годинава. Ова, посебно кога е врнежливо и кога на повеќе места се создваат „езерца“ со вода, кои претставуваат потенцијална опасност за излетување, вели Јосифосски.
Минатиот месец на тетовското подрачје регистрирани се 14 излегувања од коловоз, а лани вкупно 132, од кои речиси половината се случиле на автопатот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст