Две болни деца на возраст од шест и осум години, попладнево од штипското село Почивало, со возила на АРМ биле однесени во општата болница во Штип.
„Припадниците на АРМ секогаш се вклучуваат на помош на цивилното население кога тоа е неопходно. Денес единствено моторните возила на АРМ успеаја да се пробијат низ снегот до планинското село Почивало, оддалечено 25 километри од Штип, и да превезат две болни дечиња до градот“, соопшти Армијата на својот „Фејсбук“ профил, приложувајќи и неколку фотографии од акцијата.
Припадниците на АРМ интервенирале со три возила, оклопен транспортер, хермелин и хамер, откако општинската Дирекција за заштита и спасување не успеала да се пробие до селото.
Извор: Макфакс
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст