Американскиот амбасадор, Џес Бејли, повторно го вклучи алармот за злоупотреби во институциите. Овојпат, судир на интереси според него имало при носење одлуки во Советот на јавни обвинители.
„И професионалците во судскиот систем и јавноста изгубија уште неколку „грама“ доверба да речам во системот, така што поединечните постапки исто така се важни. Како знаеме за оваа приказна тоа е заради тоа што неколкумина новинари ја обработија оваа приказна. Од тука доаѓаме и до моментот дека храбрите медиуми и граѓанското општество се исто така важни во владеењето на правото“, вели Џес Бејли – Амбасадор на САД
За конкретниот случај за кој говореше Бејли, јавноста реагираше откако беше објавено дека обвинителката Фиданка Рајевска гласала за изборот на нејзината колешка, Лидија Раичевиќ, која пак, кривично го гони нејзиниот сопруг за перење пари.
Претходно реакции предизвика изборот на Марија Ѓорѓева во обвинителството за организиран криминал, која е внука на претседателот на Советот, Коле Штериев – кој пак беше присутен на седницата и гласаше. Тој пак тврдеше дека присуствувал само за да има кворум, а според него, неговата роднинска врска со Ѓорѓева не е во конфликт со законот.
Антикорупционерите потврдија дека се отворени неколку предмети за судир на интереси во Советот на јавни обвинители, но денеска не беа достапни да одговорат до каде е постапката.
Само за потсетување, токму реакцијата на амбасадорот Бејли, кој го обелодени скандалот со бонусите, резултираше со оставки на членовите на Државната изборна комисија. Сепак во вакви случаи, според него, нужно е да има реакции од медиумите и граѓанскиот сектор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст