Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што се случи попладнето на регионалниот Битола-Прилеп-Скопје на влезот на Прилеп кај Паркот на Револуцијата.
Според првичните информации од СВР Битола, до несреќата дошло околу 16 часот кога автомобил марка „Опел вектра“ со прилепски регистерски таблички, од засега непознати причини, автомобилот кој се движел од Битола кон Прилеп, преку банкината, слетал од надвозникот долу. На местото на несреќата загинал 38 годишниот прилепчанец со иницијали З.Р. Во возилото немало други сопатници.
Увид на местото на несреќата во моментов се уште прават полицијата и основен јавен обвинител, а н еофицијално, загинатиот денеска наполнил 38 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тажно сведоштво: Поранешен пожарникар ги откри последните зборови на принцезата Дајана (галерија)
-
Тешка сообраќајка на патот кон Блаце (видео)
-
Најмалку 50 лица загинаа во пожарите во Калифорнија
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил