Водечкиот светски футуролог Ијан Пирсон тврди дека сите луѓе родени по 1970 година, ќе можат да станат бесмртни до 2050 година. Инженерот и пронаоѓач од Ипсвич, Велика Британија, верува дека генетскиот инженеринг и вештачката интелигенција ќе му помогнат на човекот да ги надмине границите на своето физичко тело, пишува „Дејли мејл“.
Конверзијата на процесот на стареење на клетките, лабораториското одгледување на ткива, создавањето биолошки делови од телото, создавањето на андроидни тела и нови виртуелни светови, како и дигитализацијата на умот, би можеле да ни овозможат да живееме засекогаш.
„Оваа опција првично ќе биде резервирана само за славните и богатите, но работничката класа ќе може да си ја дозволи веќе во 2060-тите. Таа ќе биде достапна за сите оние кои тогаш ќе имаат 90 години и помалку “, смета Пирсон.
„Никој не би сакал да живее вечно на возраст од 95 години, но ако може да го подмладите телото и да се вратите на возраст од 29 или 30 години, можеби ќе сакате“, заклучил тој.
извор: text.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.