Најпознатиот римски споменик, Колосеумот, и сите училишта, биле затворени денес бидејќи италијанскиот главен град бил погоден од првиот снег од 2012. година.
Колосеумот, најпознатото туристичко одредиште, бил затворен заедно со римскиот Форум, а властите ги повикале жителите да не излегуваат од дома ако не мораат.
Во градот може да се видат необично тивки улици на кои луѓето ги фотографираат необичните временски услови.
Римскиот јавен превоз има намален распоред за автобуски линии и подземната железница, а забележани се голем број пореметувања во железничките линии во градот и надвор од него.
Локалните власти и католичките организации преку ноќ ги чуваат црквите отворено, како и подземните железници, за да им пружат засолниште на бездомниците. Свештениците од Ватикан денеска изгледоа и се гаѓаа со топки на плоштадот Свети Павле.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст