Интензивиран интерес и прилив на странски инвестиции во Западен Балкан е целта на „Регионалната инвестициска платформа“ на ЕБОР што дененска е промовирана на лондонскиот Инвестициски самит за Западен Балкан во организација на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), а на која учествува премиерот Зоран Заев и премиерот од регионот.
Идејата на иницијативата е да ги понуди потенцијалите на регионот, но и на секоја земја одделно, во рамки на нивните обединети капацитети, како ресурс и како пазар од над 20 милиони жители.
Новата „Регионална инвестициска платформа“, како што стои во соопштението од владината прес-служба, ќе ги застапува предностите на регионот пред странските инвеститори и ќе ги обедини сите олеснувања и можности за нови странски инвестиции од регионален карактер.
На прес-конференција по промоцијата интерес е изразен за политиките за борба против корупцијата во сите земји на Западен Балкан, и во однос на енергетското поврзување.
Премиерот Зоран Заев истакна дека борбата против корупцијата е приоритет во политиките на Владата на РМ и дека политиките со справување со оваа појава ќе продолжат да се имплементираат со поголем интензитет.
Во однос на енергетското поврзување, премиерот Заев нагласи дека Република Македонија ќе соработува со сите земји во регионот на ова поле и дека „Регионалната инвестициска платформа“ промовирана во Лондон во енергетиката е еден од најпредизвикувачкиот дел од повеќегодишниот акциски план на регионалната економска област.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст