| четврток, 6 декември 2018 |

Сара Џесика Паркер дизајнираше детска колекција

Сара Џесика Паркер го прошири своето дизајнерско портфолио со детска колекција. 52-годишната актерка креираше колекција за момчиња и девојчиња во соработка со популарниот бренд „Гап“. Ѕвездата од „Сексот и градот“ позираше со слатките модели за рекламните фотографии.

Инспирација за детската облека Паркер пронајде во моделите кои таа и нејзините браќа и сестри ги носеле во детството.

– Доаѓам од големо семејство и ние си разменувавме многу облеки, без разлика дали си момче или девојче. Навистина се фокусирав кон креирање облека која е соодветна за секого. Сакав да им дадам на луѓето нешто кое ќе е вредно за нивното срце и пари. Сакав да им дадам нешто кое ќе може да си го пренесуваат и кое ќе трае – изjавила таа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top