| четврток, 6 декември 2018 |

„Крафтверк“ утре со спектакуларен концерт во Скопје

Фестивалот „Таксират“ годинава го прославува својот голем јубилеј и го одбележува своето 20-то издание. По овој повод првиот во низата ексклузивни настани на „Таксират“ е концертот на германскиот пионер на електронската музика, легендарниот „Крафтверк“, кој ќе се одржи утре во ВИП-арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

Бендот гостува во Скопје по пауза од 13 години. Ексклузивноста на нивното гостување е збогатена со спектакуларното 3Д-визуелно шоу, кое е дел од нивните концерти на исклучително успешната актуелна турнеја.

„ За таа цел, секој од посетителите, при влезот на концертот ќе добие и брендирани 3Д-очила. „Крафтверк“ доаѓа во Скопје со огромен тим кој ќе се погрижи овој концерт да биде доведен до перфекција и кој работи на комплетната техничка и продукциска реализација на секој од концертите на турнејата. Вратите на арената ќе бидат отворени за посетителите од 19 часот, а почетокот на концертот е точно во 20:30 часот“, велат од продукцијата „Пасворд“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top