
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во неговото денешно обраќање се осврна на економските резултати на владата, за кои вели дека се најлоши од осамостојувањето па до денес.
-БДП во првите три квартали е 0,4% под нулата, што значи дека има негативен раст а до крајот на годината би биле среќни ако завршиме некаде околу позитивната нула, што претставува едно од најлошите достигнувања од остамостојувањето на Република Македонија па до денес. Кога светската економија бележи пораз ние се радуваме на резултати кои се движат околу нулата. – рече Мицкоски.
Лидерот на опозицијата додаде и дека во огромен пад се и индустриското производство и градежништвото а говореше и за намалувањето на странските директни инвестиции во Република Македонија.
Во исто време, Мицкоски додаде дека се намалени и бруто-домашните резерви.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


