Се надевам дека во многу скоро време ќе има заедничка литругија меѓу македонската и бугарската црква, изјави Заев денеска во Лондон во одговор на прашањето од бугарската агенција БГНЕС дали го поддржува заедничкото сослужување на свештените лица од БПЦ и МПЦ-ОА.
– Во рамки на Договорот за добрососедство меѓу Република Македонија и Република Бугарија ние веќе се договоривме дека ќе ги поддржиме сите натамошни активности што ќе придонесуваат кон продлабочување на соработката. Се надевам дека во многу скоро време ќе имаме заедничка литургија во нашата држава, но и во Бугарија, рече Заев.
Според него заедничкото сослужување, исто така, е начин за заемно поддржување.
Македонскиот премиер и лидерите од земјите на Западен Балкан во Лондон учествуваат на Инвестицискиот форум организиран од ЕБОР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст