По интензивните врнежи од снег, во текот на ноќта и утрово во општина Ѓорче Петров фрлени се над 20 тони сол.
– Исчистени се улици во Волково, Орман, патот кон Никиштане, околу училиштата, а се фрлаше сол и по автобуските станици, информира општина Ѓорче Петров.
По пријава на граѓани, службите излегле на терен и по споредни улици низ целата општина, и пред објекти кои поради снегот биле тешко пристапни. Граѓаните можат да пријавуваат проблеми од снежните врнежи на телефонските броеви 2044-411 и 2039-207.
Со првите поообемни врнежи на снег, Општина Карпош ја ангажираше фирмата „Анизор” задолжена за одржување на сообраќајници и патишта во зимски услови на територија на локалната самоуправа.
Од синоќа, фирмата, со три возила (со два камиона опремени со „нож” и фрлач на сол, како и со „Крамер” – специјално возило за расчистување на помали и тешко пристапни улици), непрекинато работат на расчистување на снегот.
Досега е интервенирано, односно снегот се чистеше и улиците се посипуваа со сол, на патот за Горно Нерези, на ул. Трнодол за населбата Трнодол, на ул. Жданец за населбата Жданец, на ул. Ловќенска бр. 4 и 9, и во населбата Бардовци на ул. 4 и 6. Инаку, во последните 14 часа расчистени се повеќе улици во Карпош 1 и Карпош 2 (кај Полициската станица и кај Машински факултет), во Карпош 3 и Карпош 4. Се расчистуваа и улиците во Влае 1 (се до Кејот на Вардар, до клиниката Неуромедика), во Влае 2, како и во Тафталиџе 1 и 2.
Освен со механизација, улиците и пешачките патеки во Карпош се расчистуваат и рачно, од страна на работниците од локалната самоуправа задолжени за комуналната хигиена, кои чистат пред градинките, училиштата и поважните институции. Екипите на Општина Карпош ќе бидат постојано на терен, додека траат снежните врнежи.
Вчера, од 18 часот, работниците од истата фирма “Анизор” која го расчистуваше сенгот во Карпош, ангажирана од страна на општина Кисела Вода, заедно со сезонските работници, беа излезени на терен во текот на ноќта, а нивните активности продолжија и од 4 часот утринава и ќе траат во текот на целиот денешен ден.
Градоначалникот Филип Темелковски, синоќа беше на терен на повеќе локации каде беше потребна засилена интервенција заради справувањето со снежните наноси. Со помош на камиони, со механизација за расчистување на снегот, беа фрлени околу 20 тони сол.
Интензивно се работи на расчистување на просторот околу градиниките и основните училишта, се интервенира и на автобуските постојки. Секторот за месна самоуправа, преку своите канцеларии во месните и урбаните заедници е во директна комуникација со жителите на овие делови од Општината и реагира на нивните пријави, согласно со условите на теренот.
Кризниот штаб на Општина Кисела Вода е во постојана координација и со службите на ЈП “Улици и патишта” кои ги расчистуваат главните ул Општина Кисела Вода апелира до сите жители на оваа територија да го расчистат снегот пред своите дворови и влезовите на станбените згради и со тоа да овозможат проодност и непречен пристап до објектите. Потсетува и на законската обврска на деловните субјекти и сопствениците на јавни објекти за расчистувањето на снегот пред влезот на истите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст