Општина Центар испрати соопштение до медиумите, во кое информира дека зимската служба на општината во текот на ноќта и денеска е на терен и го расчистува снегот од улиците што се во надлежност на Општината.
„Се чисти со три машини и еден голем камион. Досега се фрлени 60 тони сол. Според потребите и пријавите на граѓаните, и по неколку пати се поминуваат улиците во Мало Курило, Долно Водно, Водно, населбата Капиштец, Буњаковец, Дебар Маало, Парк, Кале, Пролет, Крњево, отворените паркинзи на ПОЦ и пристапните рампи на гаражите. Исчистени се патеките што водат до училиштата и градинките“, соопштија од Општина Центар.
Општината апелира граѓаните да ги отстранат непрописно паркираните возила во потесните улици за да може непречено да се чисти.
Жителите на општина Центар може да се јават и да пријавуваат проблеми на следните телефонски броеви: 076 496 944, 076 313 387 и 076 313 381.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст