| четврток, 6 декември 2018 |

Заев за „Еуроњуз“: За идентитетот не разговараме, но има параграф за државјанството

Идентитетот не предмет на преговори, но постои параграф за државјанството, вели македонскиот премиер Зоран Заев во интервју за „Еуроњуз“ говорејќи за преговорите за решавање на сопрот за името во Грција. Тој истакнал дека ­нема да има потреба да се смени Уставот, бидејќи тој е „домашна книга и нема последници надвор од земјата“.

– Направивме ревизија на нашиот Устав во 1993 година поради чувствата на нашите пријатели Грците. Сакаа да бидат повеќе покриени, да се чувствуваат поудобно и така направивме и втора ревизија на нашиот Устав, за да преземеме мерки против иредентизам и било што друго слично. Сите чекори што ги направивме досега, се во насока на целосно отстранување на иредентизмот. Сигурно грчките граѓани знаат дека немаме територијални претензии или што
било друго што е поврзано со тоа, вели Заев во интервјуто.

Заев вели дека ерга омнес за името, значи спроведување на решението за останатиот свет.

– Ерга омнес значи имплементација за останатиот свет, за целиот друг свет. Ние сме подготвени да разговараме за оваа имплементација, затоа што знам дека е многу важна за грчката страна. Треба да ги разбереме во однос на ова, зошто за нив е неопходно да имаат ерга омнес, вели Зоран Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top