Светскиот рекордер во спринт Усеин Болт само шест месеци откако се повлече од атлетиката ќе започне фудбалска кариера.
Спринтерот од Јамајка преку Твитер профилот објави дека утре ќе соопшти со кој фудбалски клуб договорил соработка.
– Го потпишав договорот. Се ќе биде познато во вторник, напиша Болт.
Освојувачот на осум златни медали на Олимпијадите, претходно изјави дека имал шанси да дојде на тест во 12 екипи, а минатиот март бил на проба во Борусија од Дортмунд.
Болт се понуди да игра за Манчестер Јунајтед чиј голем фан е, како и за новиот клуб на Дејвид Бекам – Мајами.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст