Во приватната болница „Санте Плус“, немало апарат капнограф кој веднаш ќе покажел дека тубусот наместо во душникот бил погрешно поставен во хранопроводникот на 31 годишната родилка која почина при интервенцијата, неофицијално дознава „Слободен печат“.
Ако овој апарат постоел навреме ќе се реагирало и немало родилката да заврши фатално. Оваа забелешка, како што неофицијално дознава Слободен печат е наведена во извештајот за овој случај, што комисијата го доставила до Министерството за здравство. Министерството за здравство засега ниту ги демантира ниту ги потврдува неофицијалните информации.
Проблематично е и недоволното искуство на анестезиологот, но и на целиот тим кој учествувал во царскиот рез, бидејќи навреме не забележал дека е направена грешка, за да може навреме и се реагираа.
Протоколот за срцево-белодробно оживување на родилката бил спроведен како што треба, но доцна.
Според неофицијалните информации, во овој случај, воопшто не се појавила алергиска реакција на анестетикот кај родилката како што првично беше соопштено.
-Не дека не може да се случи тубусот да се внесе во хранопроводот, наместо во душникот, но искусен анестезиолог и тимот околу него треба навреме да забележи дека параметрите на пациентот не се добри и да реагира. Ако се пропуштат тие неколку минути, потоа е доцна зошто штетата што е направена не може да се исправи. Анестетизологот воопшто и не требал да се нафаќа да го воведува пациентот во анестезија, кога знаел дека нема соодветен апарат за да види како тубусот е поставен – велат анестезиолози.
Покрај тоа што анестезиологот имал работно искуство од само една година и медицинска сестра која му асистирала, била со двомесечно искуство.
Неофицијално во извештајот што е доставен до Министерството за здравство, грешка не се наоѓа во постапување на гинеколозите, затоа што бебето било подоцна извадено. Гинеколозите чекале дозвола од анестезиологот за да пристапат кон спроведување на царскито рез и вадење на бебето. Затајување немало ниту во постапувањето на педијатрите на Клиниката за детски болести кои го примиле новороденчето и му укажале прва помош.
Анестезиологот од КАРИЛ незаконски работел во приватната болница „Санте Плус“ и учествувал во породувањето на родилката доби отказ. Според неофицијалните информации одговорност нема да се бара од неговиот колега кој пристигнал таму бил повикал на помош. Тој велат нашите извори, постапил како што би постапил секој лекар, па и човек кога ќе се најде во ситуација да помогне во спасување на нечиј човечки живот.
Истрага за случајот води и Јавното обвинителство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст