Легендата на македонската актерска сцена и член на ИО на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Михајловски, повика на револуција која треба да се води не само на 27-ми, туку и понатаму. И не само на улиците, како што вели, револуцијата треба да биде систем на делување. Освен повикот, предупреди оние кои ќе излезат на протестот да внимаваат на местенки, затоа што има и такви кои сакаат повторно да го направат Македонецот терорист.
Обраќањето на Михајловски на социјалните мрежи ви го пренесуваме во целост:
„Повик.
Кога настрада нашата најголема музичка ѕвезда, никој не повика да се излезе на плоштад и да се палат свеќи. А сите излегоа. Почувствуваа дека треба. Не обедини, најверојатно, колективната тага, несреќа и загуба.
И сега мислам, се додека не ја почувствува секој од нас потребата да излезе, да се спротивстави, да се одбрани, да покаже одважност и храброст, ништо нема да се случи.
Ако мислиме дека некој треба да не повика додека пред очи не поништуваат, ја продаваат историјата и иднината, или ќе умреме чекајќи или ќе се разбудиме како некој друг народ во некоја друга држава.Местенка
Не ме заобиколува претчувството дека некој ги мести и прозива вмровците за нови обвиненија за тероризам, и бесконечни и безумни притвори. Како што веќе не наместија, да излеземе ѕверови желни за крв во очите на светот. Отворено сакаат да го поништат ВМРО-ДПМНЕ оти тогаш ќе им биде полесно во распарчувањето и распродавањето. Внимавајте Македонци, внимавајте,
“Оти има лажно сонце и рана пролет среде зима тешка,
та така да ги измами на видело вљубениците во слободата,
а потем на нишан да ги земе.
Ете од тоа нам ни страдаат поколенијата!!!”
И од пишување писма.Писмо
Извинете ама сега, кога го донесовте на власт, можете да му пишувате какви сакате писма. Умни, долги, ултимативни, разочарани, советодавни, смешно зајадливи. Нема кој не му напиша писмо на “Кајмакамот”. Јас би ви препорачал да си напишете едно проштално писмо. Да се простите со Македонецот оти тој си заминал од вас. Парите се трошат, па и тие од Сорос, а писмото се кине. Ама белегот дека го донесовте на “тронот” со предавство, со пленуми, со “револуција” и во договор со злото, ќе ви остане за век и векови. Сега пишувате писма, тогаш бевте на улица. Сега молите, тогаш се заканувавте. Тогаш фарбавте сега замачкувавте. Го маскирате главниот обвинет?
Сега ви требаат вистински Македонци околу вас за да го покријат вашиот недостаток, и “тврдите” ви уши во последниве 4 години? И бадијала ги маскират вашите имиња зад имиња на грамадни Македонци. Не се покрива велепредавство. Штрчат неколку, вашите, со една смрдеа која се лепи наоколу, како боја од кондом.
За писмо во кое пред се ќе му се извините на народот за лагите и предавството, можеби би требало да размислите, пред сите други напливи за пишување.Сега треба вистинска борба за Слобода. Македонска Револуција. Борба која треба да биде систем, а не инцидент. И не треба да е само на 27ми. Таа треба да продолжи и на 28, на 29ти. Секој ден. И таа борба нема да се води само на улица. И не е само овде кај нас. Треба да се прошири секаде каде што има Македонци. И не треба да заврши дури не се избориме за основните човечки права. Да бидеме свои, на своето. Слободни. Да станеме за да се ослободиме, и не само на еден ден.
Ете, несакајќи напишав ,скоро па, писмо. Се гледаме во борбата за Македонија. За некого таа ќе почне на 27ми, за некој не престанала. За некој е веќе завршена.“ – напиша Тони Михајловски на својот ФБ профил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст