Амбасадорот на САД, Џес Бјели, на денешната конференција во Собранието за владење на правото во земјите од Западен Балкан во присуство на европратениците ја критикува работата на Советот на јавните обвинители за седницата на која се гласаше за избор на обвинители. Говорејќи за реформите во правосудството, Бејли рече дека со спорните одлуки на Советот на јавните обвинители јавноста изгубила неколку грама доверба во правосудството. Изјавата на Бејли се однесува главно на случајот кога обвинителката Фиданка Рајевска гласала кога како точка на дневен ред бил изборот на нејзината колешка Лидија Раичевиќ, која, пак, кривично го гони нејзиниот сопруг за перење пари во слуачјот од 2017 година со НЛБ банка во Скопје, како и со предметот „Банки“, во кој се вклучени неколку големи македонски банки со креирање фиктивни шеми на должничко-доверителски односи. Претходно медиумите објавија дека претседателот на Советот гласал за да биде избрана неговата внука за обвинител во Обвинителството за организиран криминал и корупција.
-Во текот на годината стана збор за јавното обвинителство и Советот и еден од членовите учествуваше во донесувањето на таквта одлука и имаше случај каде што еден јавен обвинител, член на Советот, гласаше за одлука на член на семејството на друг член на Советот и тука ми се чини дека станува збор за судир на интереси, рече Бејли и нагласи дека храбрите медиуми и граѓанското општество исто така имаат важна улога во владеењето на правото.
Неопходно е, рече Бејли, сите одлуки да се носат јавно и институциите од правосудството да бидат што потранспарентни и отворени за јавноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


