Кина го започна процесот за отстранување на ограничувањата за бројот на претседателски мандати што едно лице може да ги тера, што е од посебен интерес на актуелниот кинески претседател Кси Џинпинг, кој веќе брои ситно од својот прв мандат.
Иницијативата е на Централниот комитет на Комунистичката партија, еден од највисоките органи, и таа најверојатно ќе биде одобрена од сите органи низ кои треба да мине одлуката.
Првите години по доаѓањето на власт во 2013, Џинпинг почнува да ја консолидира својата моќ и влијание во земјата. Двете главни стратегии низ неговото владеење се борбата против корупцијата, во која беа уапсени илјадници функционери од најразлични нивоа на власта, вклучувајќи и директни ривали на Кси, и изградбата на Новиот пат на свилата, кој треба да ја поврзе Кина со остатокот од светот.
Претседателскиот мандат во Кина трае 5 години а едно лице може да владее максимум 2 мандата. Ограничувањето е воведено од поранешниот кинески лидер Денг Ксиаопинг како заштита на системот од неограничени мандати на идни лидери. Повод за ваквата одлука на Ксиаопинг е долговечноста на владеењето на неговиот претходник, Мао Це Тунг, кој владееше со Кина од 1949 до својата смрт во 1976-та.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст