На 28 февруари, со почеток во 20 часот, во просториите на „Кино Култура“ ќе се одржи промоција на поетската збирка „Кога љубовта се троши како креда“ од Лулзим Хазири. Промотори на изданието ќе бидат академик Луан Старова и Салајдин Салиху. Преводот на песните од албански на македонски јазик е на Линдита Ахмети информираат од издавачката куќа „Готен“.
Според Салајдин Салиху, рецензентот на „Кога љубовта се троши како креда“ да се пишува за поезијата на Хазири значи, уште на почетокот, да се биде внимателен во изборот на начинот на пишување и да се одбегне секаков вид конформизам. Хазири е поинаков глас во албанската поезија, творец кој носи нешто ново во албанската поезија. Хазири на албанската поезија ѝ ја носи урбаната чувствителност, третирањето мотиви што се среќавале во светската книжевност, но не беа толку присутни во албанската книжевност.
Поезијата на Лулзим Хазири е преведена на неколку јазика, застапена е во неколку национални и странски антологии.
Хазири е роден во 1962 година во Гостивар. Досега објавил четири збирки поезија и две книги со есеи и колумни. Песните му се преведени на англиски, француски, романски, хрватски и македонски јазик. Активен е по полето на заштитата на човековите права.
Објавувањето на книгата е поддржано од Министерството за култура на Република Македонија, во рамки на Годишната програма за 2017 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст