Во близина на кичевското село Подвис на магистралниот пат Кичево-Охрид вчера во 17:45 часот дошло до судир помеѓу патничко возило „Шевролет авео“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Д. (61) од Скопје, патничко возило „Фиат панда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Р. (48) од Охрид и патничко возило „Опел мерива“ со битолски регистарски ознаки, управувано од П.В. (61) од Битола. Притоа, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „Шевролет авео“-Л.Т. (66) од Скопје. Поради сериозноста на повредите, со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кичево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст