| четврток, 6 декември 2018 |

Првиот снег го затрупа Шилегов (фото)

Град Скопје, ЈП Улици и патишта и Македонија пат целосно под висината на задачата. Иако метеролозите се денови го најавуваат, снегот ги изненади службите.

Утринава главниот град на Македонија е целосно блокиран поради големите наноси на снег. Од синоќа до денес властите не усепаа да го исчистат снегот. Големи наслаги од снег нема само на споредните улици, туку и на булеварите. Движењето е бавно и опасно, механизацијата ја нема нигде.

Поради снегот во Скопје, скратени или во прекин повеќе автобуски линии

Навредени од неспособноста на градот да се справи со снегот, утринава граѓаните на социјалните се жалеа дека не можат ни да стигнат до своите работни места.

Како што дознаваме отсечени од цивилизацијата се неколку куќи од населбата Бардовци која се наоѓа во склоп на Општина Карпош. Како што пишуваат граѓаните, кога се јавиле во општината да побараат помош, од таму арогантно им одговориле дека треба да чекаат.

Сообраќајот во Скопје се одвива отежнато, без застој

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, синоќа се пофали дека наводно излегол на терен да ја следи работата на ЈП улици и патишта во чистење. Но, по фотографијата која ја постираше на фејсбук се гледа дека со чипс на масата гледа во монитор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top